Заштитници на шумите – настан од Meet and code

На 9 октомври Диг-Ед организираше настан во рамки на Meet and code  – Заштитници на шумите.

За време на настанот учениците од две основни училишта: „Страшо Пинџур“, Неготино и „Крсте Мисирков“, Скопје работеа заедно со цел да најдат решение за спречување на нелегалното сечење на дрвата. Како алатка го користеа микробит уредот.

Решението коие го развија беше следното: еден микробит беше испрограмиран да алармира преку испраќање на порака со локацијата на дрвото секогаш кога дрво е пресечено. Друг микробит ја прима пораката  и на одговорните им ја покажува локацијата на дивото сечење.

Учениците научија како микробитовите ја користат радио опцијата за да си комуницираат меѓу себе како и за разните сензори.

Овој настан беше дел од акцијата: Кодирај за Планетата.

Meet and code е организиран и поддржан од  SAP, Haus des Stiftens gGmbH, TechSoup Europe и Metamorphosis во Македонија.