Изготвени едукативни ресурси за сајбер безбедност во рамки на проектот Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност

Во пресрет на одбележување на Денот на побезбеден интернет 2025, ја споделуваме игровната активност која беше презентирана за време на работилницата за гејмификација на едукацијата за сајбер безбедност во рамки на проектот “SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност”, како дел од KnowCyber, на e-Governance Academy (eGA) финансиран од Европскаата Унија.

Истата е планирано да се реализира како фронтална активност со учениците за време на часот која ќе поттикне дискусија за различни аспекти од сајбер безбедноста.

Активноста во онлајн верзија, која може да се спроведе како индивидуална активност, е достапна и на следниот линк https://view.genially.com/67a8971a634fe53cac508c65/presentation-3storygamecsfullpptx

Дополнително, учесниците на работилницата, во изминатиот период интензивно работеа на креирање на едукативни материјали кои би можеле да се искористат при едукација за сајбер безбедност и до истите може да пристапите на следниот линк Едукативни материјали – сајбер безбедност SHIELD. Во папката може да најдете голем број на активности, кои се групирани според авторот на активноста.

Бројот на едукативни материјали базирани на игровни активности ќе се зголемува и во следниот период, и се надеваме дека секој од вас ќе пронајде активност која може да ја имплементира со своите ученици придонесувајќи за подобрување на вештините на учениците од областа на сајбер безбедност.