Излезе новиот билтен на Scientix!

Кој не сака пауза? На сите ни треба одвреме-навреме. Особено во лето, со забави на отворено. Но, кога станува збор за STEM образованието, летото има негативна страна: учениците не учат во лето бидејќи не се ангажирани со STEM предметите речиси три месеци во некои земји.

Неучењето во лето е забележано во многу различни општества. Најизразено е кај STEM предметите, но исто е откриено дека и помалите деца губат многу од своите вештини за читање во текот на летото. Во овој број на Билтенот на Scientix, го објаснуваме овој феномен, нудиме некои решенија од еден академик кој мисли дека коренот на проблемот може да биде подлабок од само неколку недели одмор. Значи, што можеме да направиме за „летниот тобоган“ и зошто е тоа важно? Прочитајте го билтенот овде и дознајте!