Иницијатива „Наука за деца“

Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед, заедно со граѓанската иницијатива Кантарот (http://qantarot.blogspot.com/) и ОХО продукција започнуваат со инцијативата „Наука за деца“. Целта на иницијативата е поттикнување и поддршка на дигиталното образование во Македонија преку промоција на дигитални ресурси.

Идејата за иницијативата е како резултат на сериозните предизвици со кои се соочи образовниот систем како резултат на корона вирусот, а поврзани со дигитализацијата на истото. Во моментот идејата е да се искористат три извори на информации: едукативни видеа, разни активности кои го поттикнуваат интересот и мотивацијата на учениците, како и креирање на кратки видеа со експерименти што се направени во домашни услови и споделени по социјалните мрежи со хаштагот #НаукаЗаДеца.