Каталогот на добри СТЕМ практики за формативно оценување во онлајн наставата произлезе како заедничка работа на ДИГ-ЕД и креативните македонски наставници кои несебично ги споделија своите искуства и практики поддржани од Scientix. На 10 и 11 мај се реализираше работилница „Формативно оценување во СТЕМ предметите при онлајн настава“ на која учествуваа 34 наставници кои предаваат СТЕМ предмети. На двата дена на работилницата учесниците разменија искуства со најразлични алатки со кои успешно може да се реализира следење на постигањата на учениците. Наставниците изготвија добри практики за формативно оценување.
По работилницата беше распишан повик до наставниците за изработка на добри практики од формативно оценување.
Како резултат на ова со задоволство ви го претставуваме Каталогот на добри СТЕМ практики за формативно оценување во онлајн опкружување. Истиот им е достапен слободно за сите наставници.
Каталогот може да се преземе од следниот линк.
Бидејќи се користат онлајн алатки добрите практики се објавени и на веб сајтот со цел подобар пристап до истите.
До нив може да се пристапи преку следниот линк.