Креирани игри на тема „Сајбер-безбедност и справување со дезинформации“ со ликовите од 5+ Фамилија

Како резултат на соработката на Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед и ОХО продукција, наградените ученици од конкурсот за игри креирани во Scratch на тема Сајбер-безбедност и справување со дезинформации“ ги адаптираа своите игри со карактери од 5+ фамилија. Исто така учениците креираа и две дополнителни игри со информации, приказна и квиз на дадената тема. До игрите во Scratch може да пристапите на следните линкови:

Им благодариме на учениците Бисера Дрндар, Мила Петковска, Ања Симоновска, Tеодора Стојчевска, Кристијан Матески и Калина Ацевска од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје за придонесот кон збогатување на базата на едукативни ресурси на македонски јазик. Се надеваме дека истите ќе може да бидат искористени од страна на наставниците и учениците во наставата, но и за неформална едукација.