Недела на информатиката 2024

Оваа година Неделата на информатиката ќе се реализира во периодот од 5 – 9 февруари. Во рамки на неделата ќе се одбележи и Денот за побезбеден интернет на 6 февруари.

Како и секоја година подготвивме активности кои можете да ги реализирате со вашите ученици и тоа:

  • програмирање во Scratch – Анимирај го своето име, Игра – фати ја ѕвездата за ученици од 6 и 7 одделение.
  • Комресија на слики – претставување на слики со броеви за ученици од 4 и 5 одделение
  • Работилница Барометар на чувства и kahoot квиз за Денот за побезбеден интернет – 3 – 9 одделение
  • Escape Room „Кражба на податоци во сајбер просторот“ 6 – 9 одделение

Возраста на учениците е само наша препорака според тежината, но вие можете да ја реализирате која активност сакате и мислите дека е соодветна за вашите ученици.

До материјалите можете да пристапите на следниот линк: Недела на инфоматиката 2024 – материјали

Секако, можете да искористите и некои активности од нашата база на активности кои сме ги реализирале претходните години на следниот линк.

Исто така можете да организирате и ваши активности кои потоа можеме да ги споделиме со колегите.

За да се пријавите за учество пополнете го следниот формулар.

По пополнување на формуларот на следниот падлет прикачете го вашиот настан така што додавате нов пост со клик на + долу десно. Ја бирате Option 2 каде што со влечење на црвениот пин од десната страна до вашиот град на мапата. Во subject на постот го пишувате името на училиштето, додека во постот со кои ученици ќе ги реализирате активностите – возраст и одделение и доколку е можно и кои активности ќе ги релизирате.

До падлетот пристапувате тука.

По завршувањето на Неделата на информатиката за да добиете сертификат ќе треба да пополните форма со краток опис на активностите и најмногу 4 фотографии за да ги објавиме на сајтот, со ваша дозвола.