Во ера во која информациите течат побрзо и пошироко од било кога досега, разликување на фактите од фикцијата е главна вештина.
„TruthTech: Медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“ („ML in AA“) е сеопфатна иницијатива дизајнирана да ги поддржи наставниците со знаења и вештини потребни за дизајнирање и спроведување наставните активности, со цел подготвка на ученици кои ќе бидат способни да го разберат и да се движиат низ сложениот медиумски пејзаж и особено пејзажот обликуван од вештачката интелигенција (ВИ). Таквите наставни активности ќе обезбедат млади генерации кои се добро подготвени да се движат низ медиумскиот пејзаж управуван од вештачката интелигенција, ќе го поттикнат критичко размислување и одговорно дигитално однесување уште од рана возраст.
Општата цел на проектот е да се поттикне медиумска писменост, свесност за вештачката интелигенција и одговорно дигитално граѓанство. Проектот има за цел да ги поттикне и учениците и наставниците со знаења и вештини за создавање дигитални и медиумски содржини со употреба на вештачка интелигенција. Развивајќи ги овие вештини, тие ќе са насочат да гледаат на вештачката интелигенција како алатка за дополнување на човечката креативност и продуктивност, наместо како закана. Проектот ќе овозможи пристап до широк спектар на алатки кои користат вештачка интелигенција, насочувајќи ги учесниците да ги користат на начин кој промовира култура на високо ниво и одговорност во користење на медиумите. Со подигање на свеста за етичките импликации на вештачката интелигенција во креирање и користење медиумски производи, проектот поттикнува одговорна употреба на ВИ кај учениците и наставниците – средина каде што технологиите на вештачката интелигенција се користат етички и со почитување на приватноста.
Преку онлајн обука на наставници (MOOC), активности поврзани со медиумите и вештачката интелигенција во училиштата, натпревари за ученици поврзани со медиуми и вештачка интелигенција, подготовка на пакет алатки за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција и промоција на успешни приказни, проектот се стреми да ја развие свеста на заедницата, основни вештини за медиумска писменост, но и да креира ресурси на македонски јазик. Проектот, исто така, вклучува и засилена кампања на социјалните медиуми чија цел е да се промовира важноста на медиумската писменост и особено во комбинација со вештачката интелигенција.
Подготовките за реализација на проектот се во завршна фаза. Преку ФБ страницата “Медиумска писменост во ерата на вештачка интелигенција” и веб сајтот https://mediainaa.mk/ проектот е промовиран на социјалните медиуми. Содржините за мудл курсот се подготвени и поставени на платформата.
Следува првиот промотивен вебинар (на 21.02.2024) “Можностите на вештачката интелигенција – Апликациите на вештачката интелигенција го трансформираат образованието” на кој ќе говори и Гордана Јанакиевска – раководител на одделение и советник по информатика во БРО. На вебинарот ќе се презентираат идејата, целите и планираните активност во рамки на проектот пред претставници од образовните институции и наставниците.
Потоа, (на 29.02.2024) планиран е вториот вебинар на кој ќе се презентира мудл курсот, со што ќе се започне онлајн обуката на наставниците.