Почетни активности во рамки на проектот TruthTech: Медиумско дигитален триаголник , како резултат на кампот за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“, Овој камп е дел од проектот кој го имплементира Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон.
Главната цел на проектот е да се едуцираат родителите и учениците како да се справат со дезинформации, мисинформации и малинформации. Тоа ќе се постигне преку работилници реализирани од новинари и креативни работилници за изработка на стрипови на тема справување со дезинформациите, мисинформациите и малинформациите.
Носители на проектот се ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино и ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Скопје.
Повеќе за проектот прочитајте на веб сајтот: https://medigtriagolnik.wordpress.com/