Работилница „Формативно оценување во СТЕМ предметите при онлајн наставата“

На 10 и 11 мај 2021 година (од 17 – 20 часот) ќе се реализира работилница „Формативно оценување во СТЕМ предметите при онлајн наставата“. Истата се реализира во соработка со Scientix. Работилницата е наменета за наставници кои предаваат биологија, хемија, физика, математика, информатика, природни науки како и наставници од одделенска настава. Фокусот на работилницата ќе биде на користењето на различни онлајн алатки за формативно оценување на учениците, преку споделување на искуства и добри практики. Различни пристапи и стратегии за обезбедување на повратна информација на учениците ќе бидат споделени меѓу учесниците. Фасилитатори на работилницата се: Маја Виденовиќ и Ѓорѓина Димова.

Примерите од добри практики кои се однесуваат на формативното оценување на учениците ќе бидат дел од базата на едукативни ресурси кои ќе им бидат достапни на сите наставници преку веб сајтот на здружението.

Наставниците кои ќе учествуваат на работилницата ќе имаат можност со креираните примери на добри практики да учествуваат на повикот за добри СТЕМ практики во поглед на формативно оценување.

Работилницата ќе се реализира на македонски јазик и учесниците ќе добијат сертификати за учество во истата.

Бројот на учесници е ограничен на 30. Изборот на учесници ќе се врши во поглед на рамномерната распределба на СТЕМ предметите и искуството на наставникот во формативното оценување. Пријавување на учесниците на следниот линк.