Вовед
Технологијата се развива со многу брзо темпо, секој ден нова алатка која може да се искористи на различен начин. Наставниците сакаат да ги користат сите овие алатки во наставата, но не знаат како. Оваа обука има за цел развивање на методи за користење на технологија во наставата базирани на развој на практични знаења и вештини.
Учесници
Наставници од основни и средни училишта кои сакаат да научат нови и да споделуваат сопствени методи за интегрирање на технологија во училницата.
Детали за обуката
- Обуката е посебно наменета за наставници со цел развивање на нивни вештини за користење на технологија во училница
- Можност за практично користење на презентираните алатки за време на обуката
- Презентирање на блогови, youtube, podcasting и други алатки за менаџирање на содржина
- Користење на едукативни социјални мрежи како edmodo etc.
- Дискусија и рефлексија на презентираните алатки и методи за нивно користење
- Алатки и веб сајтови за понатамошен професионален развој