Трет вебинар на тема „Презентација на добри практики на онлајн алатки за формативно оценување и креирање на дигитални СТЕМ материјали“

На 19 мај со почеток од 18 часот ќе се реализира третиот вебинар во соработка со Scientix на тема „Презентација на добри практики на онлајн алатки за формативно оценување и креирање на дигитални СТЕМ материјали“. Наши презентери ќе бидат Анкица Спасова – наст. по математика и Биљана Илиева – наст. по биологија. За пријавување на вебинарот кликнете на линкот.