DO NOT MIS/DIS Tech Camp

Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон ќе реализира TechCamp за медиумска писменост од 16-19 август 2023 година на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. TechCamp-от ќе се фокусира на обука на наставници од основно образование за медиумска писменост и стекнување на вештини за сајбер-безбедност за полесно да се справуваат со погрешните информации и дезинформациите во училиштата. Овие наставници за време на TechCamp-от ќе создаваат отворени образовни ресурси кои понаатаму ќе може да се користат во наставата.

TechCamp е програма за јавна дипломатија хостирана во Bureau of Educational & Cultural Affairs (ECA) во Стејт департментот на САД. TechCamp-овите се практични работилница, чиј тек го одредуваат учесниците, која ги поврзува технолошките експерти од приватниот сектор со клучните популации – новинари, невладини организации, застапници на граѓанското општество и повеќе – за истражување и примена на иновативни технолошки решенија за глобалните прашања. TechCamp-овите се фокусирани на резултати, при што учесниците ги идентификуваат предизвиците од реалниот свет и работат во партнерство со обучувачите за примена на технолошки решенија за овие предизвици. Секој TechCamp вклучува и тековни програми за да им се помогне на учесниците да ги имплементираат своите проекти после работилницата и да останат поврзани и да соработуваат едни со други и со обучувачите/експертите за предметна материја.

За време на оваа интензивна 3,5-дневна програма, учесниците ќе:

  • дознаат за најновите трендови и најдобри практики во образованието за медиумска писменост
  • ги истражуваат иновативните технолошки алатки и стратегии за вклучување на медиумската писменост во наставата
  • развиваат практични вештини за креирање и имплементирање содржини поврзани со медиумска писменост
  • соработуваат помеѓу себе и со обучувачите/експерти за да креираат ресурси и наставни содржини за медиумска писменост
  • учествуваат во сесии во мали групи предводени од експерти и професионалци за медиумска писменост и/или технологија
  • се вклучат во практични активности за учење
  • учествуваат на последниот настан за да ги споделат нивните проекти и идеи