Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед ќе организира работилница „СТЕМ училишта, како да се зголеми интересот за СТЕМ наставата и како да се развие добра СТЕМ училишна стратегија“ на 30.09.2022 и 01.10.2022. Работилницата се организира во соработка со Scientix и е наменета за наставници кои предаваат природни науки, биологија, хемија, физика, математика, информатика и наставници од одделенска настава.
На работилницата учесниците ќе дискутираат за состојбата со СТЕМ образованието и како да се зголеми интересот на учениците за СТЕМ предметите. Фокусот на работилницата ќе биде на поимот СТЕМ училиште, како да се развие добра СТЕМ училишна стратегија и како да се добие ознака за СТЕМ училиште (STEM School Label).
Работилницата ќе се реализира во хотел Глориус, во Велес, а сместувањето на учесниците ќе биде во двокреветни соби. Бројот на учесници е ограничен на 30.
Центарот за иновации и дигитална едукација распишува повик за учество на работилницата. При изборот на учесници на работилницата ќе се земе предвид нивната досегашна активност во поглед на споделување на искуства, идеи и добри практики од СТЕМ наставата, како и нивната соработка со Диг-Ед во поглед на СТЕМ образованието. Од учесниците се очекува после работилницата да започнат со процесот за аплицирање за STEM School Label. Доколку сте заинтересирани за учество ве молиме пополнете ја следната пријава. Краен рок за пополнување на пријавата е 20.09.2022. Подетални информации за реализација на работилницата ќе добијат само избраните кандидати.