Еден од начините за да се обезбеди квалитетна дигитализација на образованието е збогатувањето на базата на едукативни ресурси на македонски јазик, кои ќе бидат достапни за учениците. Како поддршка на ова, во насока на обезбедување на дигитални едукативни материјали, „Наука за деца“ во договор со FuseSchool, започна со иницијативата за превод на едукативни видеа од математика и природни науки. Прашањето кое се појави на почеток беше дали овие едукативни материјали одговараат на нашата наставна програма и дали истите може да придонесат за подобрување на знаењата на учениците. Одговорот го дадоа наставниците кои ги предаваат овие содржини на своите часови.
Голем број на наставници ентузијасти помогнаа да се издвојат видеата кои се погодни за користење согласно наставните програми. Класификацијата на видеата се изврши според наставна содржина и одделение во кое може да се искористи видеото.
Игор Богданоски, Моника Богданоска и Силвана Јакимовска Бинова ги класифицираа видеата по математика.
Нада Ѕмбова Донева, Силвана Ристевска, Наташа Милеска Михајлоска, Соња Јанкуловска и Биљана Илиева извршија класификација на видеата по биологија.
Бојана Бацоска и Александра Блажевска ги класифицираа видеата по хемија.
Марина Јанеска и Никола Делевски ги издвоија видеата кои можат да се искористат на часовите по физика.
Огромна благодарност до сите нив – наставници професионалци кои несебично одвојуваат од своето време за подобрување на квалитетот на образованието.