STEM Discovery Campaign е годишна иницијатива организирана од Scientix прифатена од Европа и пошироко од почетокот на февруар до крајот на април. Овогодишното издание е фокусирано на одржливост и граѓанство, со активно учество на илјадници наставници насекаде низ светот, со што беше надминат претходниот највисок број на активности организирани во рамките на кампањата.
Оваа година учесниците имаа можност да ги испратата нивните активности и да учествуваат на 11 различни натпревари организирани од различни учесници во кампањата. Со гордост објавуваме дека конечните бројки за the 2021 STEM Discovery Campaign се:
- 2,166 организирани активности
- 157,000 едукатори, родители, претставници од индустријата, креатори на политики и вклучени ученици
- помеѓу нив 22,700 учители
- 9,100 училишта вклучени во кампањата
Како и секоја година, ние ги охрабруваме учесниците да го споделуваат нивното искуство и идеи за извонредните активности со помош на STEM Discovery Campaign blog. Неверојатна бројка од 308 блог постови се објавени на блогот што значи дека бројот е скоро три пати поголем споредено со минатогодишната кампања. The STEM discovery campaign е единствен доказ за прилагодувањето на наставниците кон онлајн активностите и образованието на далечина.
Сакаме да се заблагодариме на сите кои придонесоа за успехот на оваа кампања и направија да се надмине претходниот рекореден број од активности во 2019! Во 2020 година ние успеавме да вклучиме сличен број на наставници, забележавме благо намалување на бројот на активности споредено со претходната година. Во 2021 го дуплиравме бројот од 2019 и успеавме да организираме 2166 STEM активности насекаде низ светот.