Центарот за иновации и дигитална едукација ДигЕд организираше настан за време на CodeWeek – Преку QR кодови промоција на нашиот град. Неговата организација беше поддржана од иницијативата Meet and code. Овој настан беше дел од акцијата: Заедница. Meet and code се организирани и поддржани од SAP, Haus des Stiftens gGmbH, TechSoup Europe и Metamorphosis во Македонија.
Настанот се релизираше во две основни училишта во Македонија, ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје и ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготино. На истиот учествуваа околу 40 ученици од 11 до 14 години. Самиот настан се состоеше од две работилници, што се одржаа на 08.10.2019 и 15.10.2019 година. Идејата на настанот беше да се стекнат учениците со вештини за креирање и уредување на веб-страници и креирање и користење QR кодови.