Трибина на тема: „Развивање на иновативноста преку проектни активности во основното образование“

Центарот за иновации и дигитална едукаација како дел од  Global Entrepreneurship Week North Macedonia 2021 организира трибина на тема: „Развивање на иновативноста преку проектни активности во основното образование“. Трибината ќе се реализира на 09.11.2021 во 18 часот, а говорници на истата ќе бидат: Билјана Николова, Аида Петровска и Павлинка Вељаноска.

За време на трибината ќе се презентираат и дискутираат добри практики од реализација на проекти во основното образование во насока на поттикнување на иновативноста и претприемачкиот дух кај учениците. Преку описот на активностите на учениците во сите фази на проектите, од поставување на проблем, разработка на истиот, пронаоѓање на решение, тестирање и усовршување на истото, ќе се настојува да се опише поттикнувањето на иновативноста, креативноста, вештините за критичко размислување и креативно решавање на проблеми, евалуацијаta, како и развивање на ставот „Јас можам“ – ставот кој придвижува се. Истовремено ќе се дискутира како кај учениците се развиваат вештини за комуникација и соработка со другите, како и организациски вештини, во насока на зајакнување на компетенциите и претприемачките вештини кај учениците во основното образование.

За учество на трибината ве молиме да се регистрирате на следниот линк: Meeting Registration – Zoom