Активностите на Диг-Ед во рамки на проектот „Користење на игри за учење за сајбер-безбедност и справување со дезинформации“ се дел од Колекцијата на ресурси за едукатори посветена на дигиталните вештини, публикација поддржана од Европската Комисија. Оваа колекција е креирана од тим на искусни експерти од областа на образованието, кои беа дел од Digital Skills squad во рамки на European Digital Education Hub. Целта на оваа колекција е да им се даде поддршка на едукаторите при настава која развива Digital Competence Framework for Citizens – DigComp 2.2 вештини.
Методолошкиот пристап за развивање на знаењата и вештините на учениците за сајбербезбедност и справување со дезинформации преку учење базирано на игра и соученичко учење, како и применливоста на овој пристап во различни контексти е претставен во оваа колекција, како добра практика која може да се имплементира во училиштата за развивање на дигиталните вештини на учениците.
Разгледајте ја колекцијата и пристапете до алатки, стратегии и ресурси кои може да се искористат во наставата.