Маја Виденовиќ, од Диг-Ед, доби признание “Women in STEM Excellence” на Women in Tech Macedonia Awards

Со задоволство споделуваме дека Маја Виденовиќ е добитник на признанието „Excellence in STEM“ на Women in Tech Macedonia Awards.

Наградите се организирани од Women in Tech Macedonia како дел од глобалната иницијатива Women in Tech, со цел да се препознаат жени, организации и лидери кои имаат значаен придонес во технологијата, иновациите, дигиталната трансформација, STEM образованието и развојот на технолошкиот екосистем.

Ова признание претставува значајно признание за нејзината континуирана посветеност, професионален ангажман и придонес во иновативното STEM образование, како и за нејзината активна улога во унапредувањето на дигиталната трансформација во наставата и учењето.

Нејзината работа, особено преку развој на иновативни образовни пристапи, методологии и активности за учење кои ги поддржуваат и учениците и наставниците, придонесува кон создавање поангажирачки, покреативни и поинспиративни средини за учење.

Во Диг-Ед сме горди што имаме членови во тимот чија визија, ентузијазам и посветеност придонесуваат за унапредување на образованието и поттикнување на љубопитноста, креативноста и целосниот потенцијал на учениците. Упатуваме искрени честитки за ова заслужено признание.