SHIELD проектот е препознаен како лауреат во категоријата Teacher Training на AI for Education Awards 2026

Со огромна гордост, радост и возбуда споделуваме дека SHIELD проектот е препознаен како лауреат во категоријата Teacher Training Award на AI for Education Awards 2026 (AI4EDU26), организирани од d-teach online school, .

Наградите AI for Education Awards, организирани од d-teach online school, ги препознаваат најиновативните, највлијателните и најодговорни примени на вештачката интелигенција во образованието, истакнувајќи иницијативи што успешно ги поврзуваат иновацијата, педагошката вредност и етичката примена на вештачката интелигенција.

Наградата Teacher Training Award особено ги истакнува проектите кои им помагаат на наставниците самоуверено, креативно и одговорно да ја интегрираат вештачката интелигенција во наставата и учењето.

Ова признание ја потврдува посветеноста на Dig-Ed кон промовирање на иновативни и интерактивни пристапи во дигиталното образование. Преку проектот SHIELD, имплементиран со поддршка од e-Governance Academy, комбинираме учење поддржано од вештачка интелигенција, дигитално раскажување приказни, гејмификација и обука на наставници со цел зајакнување на едукацијата за сајбер безбедност во основните и средните училишта.

SHIELD има за цел да им обезбеди на наставниците практични методологии и ресурси за едуакција на сајбер безбедност, додека им помага на учениците да развијат суштински дигитални компетенции, етичка свест, критичко размислување и одговорно онлајн однесување. Проектот покажува дека вештачката интелигенција не е замена за наставниците, туку моќна алатка која ги поддржува едукаторите, го збогатува процесот на учење и придонесува за побезбедни дигитални средини за младите луѓе.

Изразуваме искрена благодарност до експертите зад проектот SHIELD – Маја Виденовиќ, Владимир Трајковиќ и Мирјана С. Јанкуловска – чија посветеност, експертиза и ангажман имаат клучна улога во успехот на проектот и ова важно признание.

Оваа награда претставува и чест и мотивација да продолжиме со развој на иновативни образовни решенија кои ги поддржуваат наставниците и учениците во навигацијата низ можностите и предизвиците на дигиталната ера. Горди сме што придонесуваме за одговорна примена на вештачката интелигенција во образованието.