Учество на Диг-Ед на конференцијата „Making teaching more attractive“

Претставници од Dig-Ed учествуваа на конференцијата „Making teaching more attractive“, одржана како завршен настан во рамки на Erasmus+ проектот Creating the Network of Excellent ULCA Schools (NELCA). Конференцијата обедини меѓународна заедница од експерти, училишни лидери и едукатори со цел истражување на иновативни пристапи во наставата, развојот на училиштата и учењето ориентирано кон ученикот, со силен фокус на подобрување на квалитетот на наставата..

Презентација: Teaching that Inspires: Technology and Creativity in Learner-Centred Classrooms

Презентацијата „Teaching that Inspires: Technology and Creativity in Learner-Centred Classrooms“ беше реализирана од Мирјана Јанкуловска и Маја Виденовиќ. Сесијата истражуваше како наставата во современите училници може да стане поангажирачка и позначајна преку примена на иновативни алатки и креативни пристапи кои активно ги вклучуваат учениците и ги ставаат во центарот на наставниот процес.

Беа презентирани развојот и имплементацијата на три иновативни обуки развиени во рамки на NELCA проектот. Засновани на пристапот ориентиран кон ученикот (LCA), овие обуки ги поттикнуваат наставниците да ја преиспитаат својата улога – од преносители на знаење кон фасилитатори на активно, ученички-водено учење. Преку практични, рефлексивни и колаборативни искуства, за време на обуките наставниците се охрабруваат да експериментираат, да дизајнираат и да ги унапредуваат сопствените наставни практики. Овој процес овозможува откривање на начини како креативноста и технологијата можат да го ослободат потенцијалот на учениците и да поттикнат подлабока ангажираност.

Моделот на комбинирано учење, кој вклучува онлајн компонента и обука со физичко присуство, обезбедува флексибилност и пристапност, истовремено поттикнувајќи соработка и учење меѓу колеги. Резултатите не само што укажуваат на подобрување на дигиталните и педагошките компетенции, туку и на значајна промена во начинот на размислување кон настава која ја вреднува љубопитноста, поврзаноста и инспирацијата.

Иксуството од пилотирањето на овие обуки покажува дека инспиративната настава не е дефинирана само од алатките, туку од средините за учење што ги создаваме за учениците. Со интеграција на креативност, технологија и пристап ориентиран кон ученикот, се отвораат можности за училници во кои учениците се охрабрени да истражуваат, создаваат и активно да учествуваат во процесот на учење.

Работилница: Designing Attractive Learning Experiences with Digital Technology

Интерактивната работилница „Designing Attractive Learning Experiences with Digital Technology“ беше реализирана од Маја Виденовиќ и Владимир Трајковиќ. Работилницата истражуваше како наставниците можат да ги трансформираат своите училници во динамични, ангажирачки и средини ориентирани кон ученикот преку примена на дигитални алатки. Таа ги поттикна едукаторите да ја преиспитаат својата улога не само како наставници, туку и како дизајнери на значајни искуства за учење кои ја поттикнуваат љубопитноста, мотивацијата и активното учество на учениците.

Преку практични активности и демонстрации на лесно применливи дигитални алатки, учесниците истражуваа како принципите на гејмификација и дигиталните платформи можат ефикасно да се користат за зголемување на ангажираноста на учениците, поттикнување на соработка и поддршка на активно учење. Со експериментирање со различни пристапи и алатки, едукаторите стекнаа практични искуства за дизајнирање на средини за учење кои не се само ефективни, туку и пријатни, креативни и инспиративни. Заснована на педагогија ориентирана кон ученикот, работилницата ја нагласи важноста на учењето преку практика, креативност и рефлексија. Учесниците беа охрабрени да дизајнираат сопствени активности со примена на технологија, земајќи ги предвид потребите, мотивацијата и контекстот на учениците. Исто така, беше истакната важноста на усогласување на дигиталните алатки со јасни наставни цели, покажувајќи дека технологијата е најмоќна кога е водена од силни педагошки принципи.

На крај, работилницата им овозможи на учесниците практични стратегии и веднаш применливи идеи за нивната наставна пракса, овозможувајќи создавање на интерактивни, значајни и мотивирачки искуства за учење кои одговараат на потребите на современите ученици.