
Со огромна гордост и задоволство споделуваме дека проектот „SHIELD: Transforming Cybersecurity Education through AI, Storytelling, and Gamification“, се пласираше меѓу 15-те глобални финалисти на престижните меѓународни награди AI for Education Awards 2026, во категоријата Teacher Training Award (Награда за обука на наставници).
Ова врвно признание беше официјално објавено во Женева, Швајцарија, во рамките на глобалниот самит на Обединетите Нации – AI for Good Global Summit.
Наградите AI for Education, организирани од d-teach online school, ги препознаваат и наградуваат најиновативните и педагошки најсоодветните примени на вештачката интелигенција во K-12 образованието. Во конкуренција на проекти од 47 земји и 6 континенти, меѓународното стручно жири го препозна квалитетот и потенцијалот на нашиот проект, ставајќи ја Северна Македонија на мапата на глобалните образовни лидери во оваа област.


Проектот SHIELD, имплементиран со поддршка на e-Governance Academy, има за цел да го трансформира и зајакне образованието за сајбер-безбедност во училиштата, преку обука на наставниците за креирање на средини за учење кои ќе поттикнуваат безбедно и одговорно навигирање низ дигиталниот свет. Ова признание уште еднаш потврдува дека вистинската трансформација на училниците започнува токму со поддршката и зајакнувањето на наставниот кадар.

Како дел од финалистите, приказната за SHIELD продолжува од 1 септември 2026 година во рамките на глобалната Програма за зајакнување (Empowerment Programme), каде нашите најдобри практики ќе бидат споделени на глобално ниво за да инспирираат училници ширум светот.

