Учество на Диг-Ед на Socratic Lectures International Symposium

Маја Виденовиќ, како претставник на Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед, учествуваше во сесијата „Вештачка интелигенција во училницата – партнер или предизвик?“ на Socratic Lectures International Symposium, организиран од Универзитетот во Љубљана

Во својата презентација насловена „Од предизвик до можност: Како вештачката интелигенција и гејмификацијата ја зголемуваат мотивацијата и ангажираноста во училницата“, таа дискутираше како вештачката интелигенција, кога е комбинирана со внимателно осмислена педагогија и стратегии на гејмификација, може да се трансформира од предизвик во моќен партнер во процесот на учење.

Презентацијата вклучи и согледувања од проектот SHIELD како студија на случај, прикажувајќи како иновативните пристапи можат ефикасно да се применат во реални образовни контексти и како значително можат да ја зголемат мотивацијата, ангажираноста и активното учество на учениците.

Сесијата отвори инспиративни дискусии за подготвеноста, етиката и практичната примена на вештачката интелигенција во училницата. Таа уште еднаш постави важно прашање за иднината на образованието: не дали вештачката интелигенција треба да биде дел од наставата и учењето, туку како таа може значајно да се интегрира за да ја поддржи и унапреди образовната практика.